X
 29.05.2016 Живот

Казна за шефовите кои ќе испратат мејл до своите вработени после работно време

Ништо не може да го уништи убавиот викенд или празник како меил од работа. Дури и ако нема потреба да преземете акција до понеделник, сепак, несаканите упади на професионалниот живот навистина може да ви го уништи неделното попладне.

Токму затоа Франција на своите вработени им дава 30 слободни денови во годината и 16 неделно платено семејно работно отсуство, а сега воведува и закон во кој вработените имаат право на онлајн отсуство.

Ако компанијата има 50 вработени или повеќе, тогаш шефовите не смеат да им испраќаат меилови на нивните вработени после работните часови. Амандманот се појави бидејќи истражувањата покажаа дека дигиталната ера на луѓето им отежнува да се дистанцираат од работното место после работа. Новиот закон им овозможува на луѓето да добијат максимално слободно време.

„Сите истражувања покажуваат дека стресот поврзан со работата е на многу повисоко ниво денес отколку што беше во минатото, и овој стрес е постојан“, изјави Беноит Хамон од Националното собрание на Франција. „Вработените физички ја напуштаат канцеларијата, но не ја напуштаат работата. Тие остануваат поврзани со работата со „електронскиот синџир“, додава тој.

Новиот закон предвидува компаниите да преговараат за политиката со која се ограничува работата со приватниот живот на своите вработени. Иако не постојат казни за компаниите кои го кршат амандманот, тие треба да воспостават повелба во која ќе го утврдат времето кога вработените се слободни и се дигитално ослободени од нивните работни места.

Правото да се исклучат од онлајн светот е донесен како дел од контроверзниот француски закон за работни односи, а некои велат дека со тоа ќе се намалат униите и ќе се зголеми несигурноста на работните места и вработените. Дигиталната исклученост е дел од законот на кој француската јавност гледа доста позитивно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот