19.09.2022
Образование
МОН се префрла на сосема нова платформа
Веб-страницата на Министерството за образование и наука mon.gov.mk веќе десетина дена не е во функција по нападот од грчки хакери. Соопштенијата и вестите што се однесуваат на образованието и науката сега може да се прочитаат само ако се објават на порталите.
Од МОН за Факултети.мк изјавија дека во следните неколку дена Министерството ќе добие нова платформа која ќе биде побезбедна.
- Веб-страницата ќе биде во функција во следните неколку дена. Во моментов таа се префрла на нова платформа каде што ќе биде побезбедна - велат од МОН.
Студентите периодов аплицираат и се сместуваат во студентските домови, но очекуваат и објавување на конкурсите за студентски оброк и за студентски стипендии, а за сето тоа изминатите години се информираа директно на страницата на МОН.