X
 09.10.2020 Образование

Наставници и ученици, почитувајте ги мерките за заштита и одговорно однесувајте се и надвор од училиштата, апелира МОН

Министерството за образование и наука - МОН апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата за да го спречат ширењето на болеста.

- Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, доколу сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата - велат од МОН.

Министерството за образование и наука, заедно со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, ги презема сите мерки, препораки, протоколи, алгоритми и укажува на целосно нивно почитување од страна наставниците, учениците и родителите.

- Благодарение на воспоставениот начин на учење од далечина, наставата успешно се спроведува во време на пандемија. Над 80% од учениците ги следат часовите онлајн без никакви тешкотии. За оние што немаат уреди или интернет-конекција, часовите се емитуваат на телевизија преку националната радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал. Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн-наставата - додаваат од Министерството.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование