X
 06.05.2017 Технологија

Најголемиот рендгенски ласер на светот успешно е тестиран во Германија


Ласерска светлина
(Фото: Thinkstock)

Во истражувачкиот центар во близина на Хамбург во четвртокот беше вклучен најголемиот светски ласер со рендгенски зраци, со кој ќе можат да се репродуцираат структури и процеси на атомско ниво.

Научниците од Германскот центар за електронски синхотрони (DESY) истакнаа дека првото вклучување на ласерот „означува нова ера во истражувањата во Европа“.

Операторите изјавија дека првиот ласерски импулс траел една секунда, а фреквенцијата ќе биде зголемена на 27.000 фотони во секунда до почетокот на септември, кога ќе почне да се користи во истражувањата.

Научниците се надеваат дека проектот Европски XFEL (European X-ray free election laser) ќе открие нови подрачја на истражување, како мапирање на молекуларната структура на нови лекови и следење на биохемиски реакции во реално време.

Во проектот учествуваат институции од Германија, Италија, Полска, Русија, Шпанија, Шведска и Швајцарија.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија