X
 19.10.2022 Живот

Секој десетти заболен од коронавирус во Германија оди на работа и покрај симптомите

Според резултатите од истражувањето „Арбајтен 2022“, секој десетти заразен со коронавирусот оди на работа иако имал позитивен тест.

Според истражувањето, околу 9 отсто од заразените со коронавирусот продолжуваат да одат на работа, околу 17 отсто работат од дома, а 17 отсто остануваат дома неколку дена додека не поминат најлошите симптоми.

Истражувањето покажало дека 33 отсто од испитаниците остануваат дома со полесни симптоми додека не оздрават. Околу 16 отсто од испитаниците никогаш не биле заразени со коронавирусот.

Истражувањето е базирано на анкета спроведена на 1.200 вработени лица во Германија.

И покрај големиот број заразени со коронавирусот, сојузната влада не планира повторно да им нуди бесплатни тестови за коронавирусот на граѓаните поради големите трошоци, иако според некои политичари тоа повторно треба да биде понудено.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот