X
 10.05.2020 Живот

24 оздравени пациенти, 20 нови случаи со коронавирус

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-11, Куманово-10, Тетово-1, Велес-2. Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на Kовид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1.


Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1642, бројката на оздравени пациенти е 1136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415. По завршување на епидемиолошката анкета, еден од вчера регистрираните случаи во Куманово е жител на Кратово и согласно ова последната дистрибуција по градови е:


• Скопје – 550, активни 132

• Куманово – 408, активни 53

• Дебар – 51, активни 0

• Штип-35, активни 2

• Прилеп –176, активни 68

• Тетово – 110, активни 54

• Струга – 67, активни 16

• Велес – 107, активни 49

• Битола –23, активни 4

• Охрид –15, активни 9

• Кавадарци – 5, активни 1 

• Гостивар –19, активни 5

• Гевгелија – 4, активни 0

• Струмица – 2, активни 0

• Крива Паланка- 6, активни 2

• Радовиш – 4, активни 0

• Крушево – 3, активни 0

• Кочани – 31, активни 5

• Пробиштип – 2, активни 0

• Кичево – 2, активни 1

• Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1, активни 0

• Македонски Брод - 2, активни 0

• Пехчево- 3, активни 2

• Делчево-1, активни 1

• Валандово -1, активни 1

• Виница – 2, активни 0

• Кратово-2, активни 2

• Берово-1, активни 1

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани - 42. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација 3 пациенти.


Во болницата „8 Септември“ примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 16. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола нема хоспитализирани позитивни или сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Охрид сe хоспитализирани 54 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот