Во Виена неодамна бил поставен 40-тиот дефибрилатор во станбен комплекс.
Во Австрија над 12.000 луѓе годишно умираат од срцев удар. Вкупно 80 отсто од овие случаи се случуваат во станбен простор. Во таквите ситуации секоја минута е пресудна. Затоа, градот Виена од 2020 година имплементира проект за поставување дефибрилатори на јавни места во општинските станбени комплекси во случај на потреба.
Дефибрилаторите имаат цел да ги зголемат шансите за преживување во случај на срцев удар. Сите 40 дефибрилатори заедно служат за користење на 72.000 граѓани. Од 2020 година дефибрилаторите биле искористени 24 пати, додека само во периодот од почетокот на оваа година биле употребени 12 пати.
- Секоја секунда е важна. Пристапот до дефибрилатор е важен придонес кон зголемувањето на безбедноста на жителите. Мојата најдлабока благодарност им припаѓа на хероите кои не се воздржале да преземат што е неопходно за да спасат човечки живот - изјавила Катрин Гал, заменик-градоначалничка на Виена.
Проектот се имплементира заедно со здружението „Пулс“.
Извори:
Ekapija |
OTS
Насловна фотографија:
City of Vienna