Дали веќе сте слушнале за најрелаксирачката песна на светот? Се работи за композицијата „Weightless“ на бендот „Маркони јунион“. Оваа песна толку смирува, што би можела да доведе до сообраќајна несреќа доколку ја слушате додека возите.
Оваа осумминутна песна докажано го намалува притисокот, ја забавува работата на срцето и го намалува нивото на кортизол во телото, кој е познат како хормон на стрес. Слушањето на оваа песна може да ве направи поспани и толку опуштени што нема да можете безбедно да управувате со автомобилот, според научниците.
Научниците спровеле експеримент при кој било докажано дека песната повеќе смирува од другите песни. Било покажано дека оваа песна го намалува стресот за 65 отсто, а некои учесници во експериментот дури заспале по слушањето на песната.
Научниците ги советуваат возачите да не ја слушаат оваа песна додека возат бидејќи тоа може да биде опасно.
Во што е тајната на оваа песна? Клучот е во соработката помеѓу бендот и звукотерапевт. Имено, тие работеле заедно за да ја создадат мелодијата која користи музички принципи за кои е докажано дека имаат смирувачки ефект.
Извор:
Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay