Голем процент од луѓето страдаат од мачнина при патување. Досега тоа се решавало со таблети за патување што успиваат, а наскоро ќе имаме уште еден начин за намалување и отстранување на овие здодевни симптоми.
„Seetroen“ се очила со чуден изглед што не би го поминале модниот испит. Но, нивната намена е усогласување на тоа што го гледаат очите со чувството во средното уво.
(
Фото: Screenshot)
Иако не се во можност да спречат застои и метеж во сообраќајот, тие даваат решение за оваа широко распространета состојба (позната и како кинетоза) што погодува над 30 милиони луѓе во Европа. Еден од тројца луѓе има симптоми на мачнина во текот на возењето, барем еднаш во својот живот.
Очилата се дело на француската компанија „Boarding Ring“. Од компанијата тврдат дека симптомите на мачнина исчезнуваат најмногу за 10 минути по ставањето на очилата.
Тие немаат стакла, а се состојат од четири прстени половина исполнети со обоена течност, со чија помош се симулира хоризонт. Еднаш кога мачнината ќе исчезне, произведувачот тврди дека очилата може да се симнат од очите и патувањето да продолжи без нив.
Се очекува продажбата на очилата „
Seetroen“ да почне во декември.