X
 19.10.2024 Технологија

Дали „Убер“ ќе ги следи стапките на Маск? Размислуваат за суперапликација

Се чини дека „Убер“ размислува за преземање на „Експедија“, компанијата во која извршниот директор на „Убер“, Дара Хосрошахи, поминал голем дел од својата кариера и каде што сè уште е член на бордот на директори.

Една од желбите на Хосрошахи е да го претвори „Убер“ во суперапликација. Ако тоа ви звучи познато, во право сте, бидејќи Илон Маск има слични амбиции со неговата платформа „X“, за која се надева дека на крајот ќе стане многу повеќе од социјална мрежа и ќе се користи за плаќања, комуникација и слично.

Плановите на „Убер“ и нивните потенцијални суперапликации, особено со потенцијалното преземање на „Експедија“, очигледно се фокусирани најмногу на транспорт, испораки, патувања, резервации за сместување и слично. Така, тие сакаат да станат едно место каде што ќе можете да се резервира сè што им треба на луѓето за нивното патување - од такси до превоз, па до сместување.

Сепак, се чини дека потенцијалната аквизиција нема да се случи толку брзо. Имено, интересот на компанијата за преземање на „Експедија“ сè уште е во рана фаза, а Хосрошахи во последните месеци разговара со советници за можноста за преземање. Но, конечната одлука се уште не е донесена и барем досега не се обратиле до „Експедија“ и не им испратиле официјална понуда.

Сегашната вредност на оваа компанија е околу 20 милијарди долари, а доколку навистина се случи преземањето, тоа би било најголемата аквизиција на „Убер“ во историјата. Пазарната вредност на „Убер“ е многукратно поголема и изнесува повеќе од 170 милијарди долари.

Во врска со главниот бизнис на „Убер“, такси-превозот, Хосрошахи неодамна дал интересен коментар поврзан со електрификацијата. Имено, неговата компанија ги охрабрува возачите да користат електрични автомобили, а исто е и со патниците, па во рамките на својата апликација вовеле опција да повикуваат исклучиво електрични такси возила. Хосрошахи изјавил дека со оглед на тоа што бројот на е-такси е сè уште помал во споредба со бензинските пумпи, тоа значи дека патниците треба да чекаат уште неколку дополнителни минути, за да пристигне автомобилот, но вели дека тоа е цената на борбата за чиста животна средина.

Извор: zimo.dnevnik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија