X
 19.11.2022 Наша тема

Колкави се просечните плати во земјите од регионот?

Висината на просечната плата се разликува во земјите од регионот, покажуваат податоци од статистичките агенции на земјите. Така, според последните достапни податоци, просечната нето-плата во Косово изнесува околу 432 евра, а во Словенија дури 1.312 евра. Еве колку изнесуваат просечните и минималните плати во земјите од регионот. Покажуваме и колкава е највисоката просечна плата според сектор во секоја од земјите.

Македонија

Просечна нето-плата: 31.871 денар. (517 евра)
Највисока просечна нето-плата по сектор: компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности - 83.556 денари (1.355 евра)
Минимална нето-плата: 18.000 денари (292 евра)

Србија

Просечна нето-плата: 75.282 динари (642 евра)
Највисока просечна нето-плата по сектор: воздушен сообраќај - 159.590 динари (1.361 eвро)
Минимална нето-плата: 35.000 динари (300 евра)

Бугарија

Просечна нето-плата: 1.543 лева (788 евра)
Највисока просечна нето-плата по сектор: информации и комуникации - 3.856 лева (1.971 евро)
Минимална нето-плата: 650 лева (332 евра)

Црна Гора

Просечна нето-плата: 718 eвра
Највисока просечна нето-плата по сектор: финансиски активности и осигурителни активности - 1.525 евра
Минимална нето-плата: 450 eвра

Албанија

Просечна бруто-плата: 60.666 леки (517 евра)
Највисока просечна бруто плата по сектор: финансии и осигурителни активности -130.872 леки (1.115 eвра).
Минимална бруто-плата: 32.000 леки (273 евра).

Косово

Просечна нето-плата: 432 евра.
Највисока просечна нето-плата по сектор: производство и снабдување со електрична енергија, гас и климатизација - 839 евра.
Минимална нето-плата: 130 евра за вработени под 35 години и 170 евра за вработени над 35 години.

Босна и Херцеговина

Просечна нето-плата: 1.145 марки (585 евра).
Највисока просечна нето-плата по сектор: производство и снабдување со електрична енергија, плин, пареа и климатизација - 1.677 марки (857 евра).
Минимална нето-плата: Република Српска: 650 марки (332 евра); Федерација: 543 марки (278 евра).

Хрватска

Просечна нето-плата: 7.679 куни (1.016 евра).
Највисока просечна нето-плата по сектор: авиотранспорт - 13.091 куна (1.733 евра).
Минимална нето-плата: 3.750 куни (496 евра).

Грција

Просечна нето-плата: 1.466 евра
Највисока просечна нето-плата по сектор: менаџмент и бизнис - 5.000 евра
Минимална бруто плата: 758 евра

Словенија

Просечна нето-плата: 1.312 евра.
Највисока просечна нето-плата по сектор: производство на фармацевтски производи - 2.749 евра. 
Минимална бруто-плата: 1.074 евра.

Извор: Stat.gov.mk | Data.stat.gov.rs | Vlada.mk | Investor.bg | Wageindicator.org | аа.com.tr | Monstat.org | Tradingeconomics.com |
Averagesalarysurvey.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска | Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема