X
 07.05.2017 Образование

Рангирање „Universitas 21“ - Универзитетите во Србија меѓу најефективните во светот

Универзитетите на Србија се меѓу најефективните во светот кога се зема во предвид нивото на економскиот развој на земјите, вели новото рангирање на националните високообразовни системи.

белград
Фото: iStock

Оваа балканска земја ја надмина и Велика Британија на листата „Universitas 21“ за 2017 година и се најде на првото место. Америка се наоѓа на 15-то место.

На листата на генералното рангирање, Србија се најде на 39-то место од вкупно 50 земји - листа базирана врз основа на апсолутната ефикасност на системот. На оваа табела Америка се наоѓа на првото место, додека Швајцарија е на второто, а после неа следуваат Велика Британија и Данска.

Рангирањата на „Universitas 21“ се создадени од глобален конзорциум на истражувачки универзитети со цел да се споредат перформансите на цели држави како алтернатива на другите рангирања кои се фокусираат само на индивидуалните институции.

Рангирањето е направено врз основа на 25 одделни фактори, вклучувајќи го бројот и влијанието на произведените истражувачки статии, упис на универзитетите и невработеноста на дипломците, квалитативна проценка на политиката за животната средина на земјата, парите наменети за високо образование и соодносот на БДП.

„Universitas 21“ 2017 година, главно рангирање

2

За прв пат оваа година, табелата ја зема во предвид различноста на институциите во универзитетските системи на земјите.

Рос Вилијамс, почесен професор по економија Универзитетот во Мелбурн и главен автор на истражувањето, вели дека Велика Британија падна за едно место на листата за прилагоден развој бидејќи нејзиниот БДП по глава на жител се зголемил помеѓу 2013 и 2014 година, додека приходот на Србија по глава на жител едвај се поместил.

„Universitas 21“, 2017 година, рангирање прилагодено со просечните примања


2

„За да биде во чекор со Србија, секторот за високо образование на Велика Британија треба да ја подобри стапката и таа да биде значително повисока од онаа на Србија. Во однос на другите земји со слично ниво на БДП по глава на жител како што е Тајланд, трошоците за истражување на Србија се високи“, вели Рос Вилијамс.

Тој додава дека поради мерките кои го земаат во предвид населението рангирањето може да фаворизира помали земји.

Минатата година, „Times Higher Education“ ја идентификува Србија како една од седумте земји наречени „Тактиката“ која би можела да прерасне во ѕвезда во глобалното високо образование, на сметка на нејзиниот БДП по глава на жител упис на студенти и порастот и објавените истражувања.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование