X
 19.11.2023 Живот

Исланд гради ѕид за да заштити електрана од лава

Исландските власти градат заштитни ѕидови околу геотермална централа во југозападниот дел на земјата за да ја заштитат од можно течење на лава.

Официјалните лица се надеваат дека ќе ја заштитат фабриката „Свартсенги“, бидејќи научниците предупредуваат дека би можело да има вулканска ерупција.

Речиси 800 земјотреси се регистрирани на полуостровот Рејкјанес во близина на главниот град Рејкјавик. Зголемената сеизмичка активност го подигна алармот дека тие би можеле да бидат претходник на ерупција.

Во саботата илјадници луѓе беа евакуирани од блискиот рибарски град Гриндавик.

Компанијата гради голем насип за да се пренасочат потенцијалните текови на лава околу фабриката, која се наоѓа на 6 километри од градот.

Портпаролот на компанијата рече дека централата обезбедува електрична енергија за целата земја, но снабдувањето на главниот град нема да се соочи со никаков прекин.

Опремата и материјалите што можат да наполнат 20.000 камиони биле преместени во фабриката, изјави министерката за правда на Исланд, Гудрун Хафштајндотир.

Во текот на викендот беше забележана зголемена сеизмичка активност на полуостровот Рејкјанес. Но, и покрај намалувањето на активноста во понеделникот, Исландскиот метеоролошки институт соопшти дека веројатноста за ерупција останува висока.

- Помала сеизмичка активност обично ѝ претходи на ерупцијата - изјави Рике Педерсен, раководител на Нордискиот вулканолошки центар со седиште во Рејкјавик.

Во текот на викендот околу 3.000 жители од градот Гриндавик беа принудени да ги напуштат своите домови и да најдат привремено сместување откако се случија земјотреси во областа.



Извор: ВВС
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот