X
 16.10.2016 Култура

Легендата за „Oстровот на куклите“ во Мексико

Островот на куклите“ се наоѓа на 28 километри јужно од Мексико Сити и е необична туристичка атракција што постојано привлекува илјадници туристи и фотографи. Но, приказната за ова место трагична и вознемирувачка и се поврзува со смртта на анонимна девојка пред повеќе од  50 години.

кукли


Дон Јулиан Сантана еден ден ги оставил сопругата и детето и се преселил на остров на езерото Тешулио за да живее живот во осаменост. Кога стигнал на островот некаде околу 1950тите, открил тело на млада девојка што се удавила во канал, а подоцна ја пронашол и нејзината кукла некаде во близина. Со цел да го смири нејзиниот дух, Сантана почнал да го трансформира островот во светилиште посветено на девојката.


страшни кукли


Тој потрошил децении на собирање кукли од каналите и отпадот и го декорирал островот со нив. Живел во мала кабина со неколку лични работи, опкружен со дрвја и околу 1500 кукли. Веста за островот се раширила и посетителите му плаќале мал надомест на домаќинот за да го разгледаат неговиот дом.


остров со кукли


Приказните за духови се дел од обележјата на островот во кои најчесто се раскажува дека куклите оживуваат во текот на ноќта затоа што се обземени од духот на мртвата девојка. Но, легендата не завршува тука. Сантана бил пронајден во каналот во 2001 година на истото место каде што тој ја пронашол девојката. И покрај огромната популарност на островот, семејството на Сантана верувало дека приказната за девојката е само плод на неговата фантазија.

Туристи и понатаму има. Превезувањето со чамец до островот со обиколка трае 4 часа. Би имале ли храброст и Вие да го посетите?


Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура