X
 07.06.2015 Образование

Зошто јапонскиот училишен систем е еден од најдобрите во светот?

Според најновото истражување, децата од Јапонија се први во светот по математика и писменост. Што го прави пристапот на јапонскиот систем толку уникатен и различен од останатиот дел од светот, и уште поважно, што можеме да научиме од овој образовен систем?

 

1


Колку брзо можете да помножите 21 по 13? Најверојатно за една минута. А 123 по 321? Сигурно дека ќе ви одземе повеќе од една минута. Јапонските деца го прават тоа за доста кратко време, со помош на неколку линии. Интересно е тоа што секое дете може да го направи тоа, дури и 5 годишното. Тие не учат бројки напамет, наместо тоа, тие цртаат и играат.

Сигурно се прашувате како е возможно тоа.

Наставата во оваа земја е поврзана со квалитетот, а не кванитетот.

Еден училишен час по математика во Јапонија

Часот започнува со вообичаениот поздрав (aisatsu) на наставникот и е проследен со прашањето дали учениците знаат како да ја решат задачата која претходно била напишана на табла.

Првиот ученик крева рака, наставникот оди до него, го гледа проблемот и го заокружува, во знак дека е точен. Ученикот излегува од клупата, и го зазема местото на наставникот па ги прегледува останатите задачи.

 

2


Мамтематиката е еден вид на јазик, па зошто да не му се пристапи исто онака како кога учиме англиски или друг вид на општествени науки?

Јапонците велат дека ако го предаваш она што го учиш, ќе запомниш 90%. Ако наставникот предава само на табла, учениците ќе задржат малку информации, да речеме 40% - па затоа е поефективно кога тие дискутираат за проблемот и кога тие си предаваат еден на друг. Исто така, важно е да се има одмор за постојано да бидат мотивирани.

Како се учат јазиците?

Децата низ светот обично учат меѓу 26 и 33 букви. Јапонските деца учат повеќе од тоа.

 

3


Јапонските родители знаат колку знае да биде тешко нивните деца да ги научат сите букви и да ги користат во усна или писмена комуникација. Сепак, поради високиот пристап на квалитетот на наставата, откако ќе заминат од основно училиште, децата знаат повеќе од 1.006 знаци. На 15 годишна возраст, кога тие завршуваат со задолжителното образование, тие знаат дополнителни 1.130.

Што го прави јапонскиот образовен систем уникатен?

Јапонскиот образовен систем е национална гордост во оваа земја, со традиционален пристап кој им помага на учениците да бидат подобри од нивните соученици од целиот свет. PISA тестовите го докажуваат ова.

 

5


Јапонскиот систем се состои од:

6 години основно образование
3 години јуниорско средно училиште
3 години сениоерско средно училиште
4 години факултет

Со оглед на фактот што нивниот образовен систем е толку добар, Јапонија го има најдоброто образовано население во светот (со 100% запишани деца во задолжително одделение и 0% неписменост). Иако средното образование не е задолжително, поголемиот дел од населението, поточно 96% се запишуваат.

Како работат јапонските училишта?


Поголемиот дел од училиштата работат врз основа на систем со три мандати со започнување на новата училишна година во април. Освен пониските одделенија во основно училиште, во просек, училишниот ден во текот на неделата трае 6 часа, што го прави еден од најдолгите училишни денови во светот. Откако ќе заврши училишниот ден, учениците се`уште треба да ги направат вежбите и домашните задачи. Одморот им е 6 недели за време на летниот распуст, и 2 недели за време на зимскиот распуст и во текот на пролетта. Но, имаат домашни задачи и за време на одморите.

Секое одделение си има училница во која учениците полагаат тестови, освен праксата и лабораториската работа. Во текот на основното образование, во повеќето случаи еден наставник ги учи учениците сите предмети. Бројот на учениците во една училница обично е до 40.

 

6


Што учениците учат?


Предметите кои ги учат вклучуваат јапонски, математика, наука, општествени науки, музика, занает, физичко и домашна економија (за да ги научат основите на готвењето и шиењето). Се` поголем број на училишта започнуваат да воведуваат англиски и информатичка технологија.

Учениците учат и традиционална јапонска уметност како shodo (калиографија) и хаику - форма на поезија развиена во Јапонија пред околу 400 години.

Скоро сите јуниорски средни училишта бараат од своите ученици да носат униформи. Во државно основно и средно училиште, учениците јадат во училницата. На овој начин и учениците и наставниците градат подобри односи.

Учениците никогаш не бегаат од часови, ниту пак доцнат. Тие имаат силно чувство за припаѓање во училиштето, не се чувствуваат како аутсајдери ниту пак се чувствуваат изоставени. Истражувањата покажуваат дека 85% од учениците се среќни на училиште, а 91% од учениците изјавиле дека никогаш, или многу ретко, го игнорирале она што го предава наставникот. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование