X
 20.02.2023 Живот

Почнува 5. Меѓународна недела на Филозофскиот факултет во Скопје

Во периодот од 20 до 23 февруари ќе се одржи 5. Меѓународна недела на Филозофскиот факултет во Скопје. Студентите, професорите и сите љубители на умниот збор и мудрата мисла ќе имаат можност да ги проследат предавањата и дискусиите на професори од Израел, Словачка, Шпанија, Грција, Полска, Украина, Швајцарија, Бугарија, Словенија, Црна Гора, Турција, Италија, како и резултатите од меѓународните проекти во кои Факултетот е координатор или партнер.

- Почнувајќи од учебната 2018/2019 година, Филозофскиот факултет започна со организирање меѓународна недела, која е петдневен меѓународен интердисциплинарен форум, кој преку предавања, промоции и дискусии ги одбележува активностите и соработките што Филозофскиот факултет ги остварува на меѓународно ниво. Идејата за Меѓународната недела произлегува од потребата на студентите да им се обезбеди поширока платформа за стекнување знаења и размена на мислења со професори и колеги од партнерските универзитети во Европа и низ светот. Предавањата, промоциите и дискусиите со еминентни професори и предавачи, кои се на англиски јазик, имаат цел да ги мотивираат студентите да се сретнат со главните општествени прашања преку соработка низ различни дисциплини, јазици и граници. Предавањата и дискусиите се наменети за студенти од сите три циклуси на студии, а предавачите опфаќаат теми од научните дисциплини што се изучуваат на Филозофскиот факултет. Посебен фокус во рамките на овој настан е промоција на меѓународни проекти кои ги спроведува Филозофскиот факултет. Како дел од промоцијата, на настанот учествуваат и партнерски универзитети. Втората меѓународна недела резултира и со објавување книга со апстракти, која остави повидлив белег на клучните аспекти од презентациите на сите предавачи на настанот – пишува во соопштението од Филозофскиот факултет.

Агендата можете да ја видите на следниот ЛИНК.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот