X
 20.02.2026 Живот

Просечната нето-плата за декември изнесува 46.889 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2025 година, изнесува 46 889 денари.

Во декември 2025 година, во споредба со декември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7,6 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање за 13,4 %, земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9 % и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и образование 9,7 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: транспорт и складирање за 12,8 %, рударство и вадење на камен за 9,0 % и градежништво за 7,0 %.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот