21.09.2021
Живот
Просечната нето-плата во јули изнесува 28.540 денари
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, изнесува 104.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15,1 %), уметност, забава и рекреација (14,2 %) и други услужни дејности (13,5 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (7,5 %), јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4,3 %) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,7 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2021 година, изнесува 28.540 денари.