20.05.2022
Живот
Просечната нето-плата надмина 30.000 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2022 година изнесува 31.080 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2022 година изнесува 46.430 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2022 година, во однос на март 2021 година, изнесува 110,1.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4%), уметност, забава и рекреација (20,2%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,5%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (16,9%), рударство и вадење камен (13,5%) и преработувачка индустрија (7,1%).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2022 година, во однос на март 2021 година, изнесува 110,3.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (21,7%), уметност, забава и рекреација (20,6%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (20%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (17,2%), рударство и вадење на камен (14%) и преработувачка индустрија (7,2%).