Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната исплатена нето-плата по вработен во март 2018 година во споредба со март 2017 година изнесува 105,6.
Ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната исплатена нето-плата по вработен во секторите: рударство и вадење камен (19 отсто), информации и комуникации (14,2 отсто) и преработувачка индустрија (12,4 отсто).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите: рударство и вадење камен (12,6 отсто), финансиски дејности и дејности на осигурување (9,7 отсто) и информации и комуникации.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2018 година изнесува 23.694 денари.
Во продолжение се дејностите со највисока нето-плата за март 2018 година:
Информации и комуникации - 43.415 денари
Финансиски дејности и дејности на осигрување - 43.120 денари
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација - 37.761 денар
Рударство и вадење камен - 33.401 денар
Целосниот извештај можете да го погледнете
ТУКА.