X
 20.03.2018 Живот

Зошто пролетта веќе не почнува на 21 март?

Сите ние на училиште учевме дека пролетта започнува на 21 март, а сега гледаме дека медимуите упорно објавуваат дека пролетта започнува денес. Тоа не се случило еднаш или двапати, туку секоја година. Да, шансата да го доживеат почетокот на пролетта на 21 март ја имаат само оние кои денес се во градинка.

Пред 2100. година, пролетта ќе започнува на 20 март, па дури и на 19 март. Зошто е тоа така? Виновен е календарот кој го користиме, а според кој секоја четврта година е престапна. Но, исто така, Грегоријанскиот календар вели дека секоја последна година од векот не е престапна освен ако не е деллива со бројот 400. Тоа значи дека 1800 и 1900 не биле престапни, но 2000 беше.

Таквото правило е воведено заради долгорочното усогласување на календарот со небеската механика. Поради тоа додадовме уште еден „непланиран ден вишок“, што последично предизвика пролетта од 21 да се пресели на 20 март. Ова поместување на пролетта за еден ден порано ќе биде актуелно до 2100 година.

Значи, доколку ве прашаат кога започнува пролетта, можете да одговорите на широко или во „училишниот тест“ едноставно да заокружите 20 март. Тоа е точен одговор за следните 80 години.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот