X
 02.05.2016 Култура

Пола мажи од западна Европа се потомци на само еден маж

Според ново научно истражување кое се занимавало со генетско истражување на хромозомот Y кај 1.200 мажи, пола мажи кои живеат во западна Европа се потомци на само еден крал од бронзената ера.


Истражувањето било објавено во списанието „Nature genetics“. Неговите автори изјавиле за британскиот „Телеграф“ дека само еден човек, кој бил татко на неколку елитни потомци, е одговорен за голем раст во населението. Тој раст на населението во западна Европа се случил пред околу 4 милениуми.

„Може само да шпекулираме што го предизвикало тој раст на населението. Најдоброто објаснување е дека се случил напредок во технологијата кој го предизвикал зголемувањето на населението“, изјавува Крис Тајлер Смит, еден од научниците кои учествувале во истражувањето.

Хромозомот Y се пренесува од татко на син, така што преку него може генетски да се утврди како мажите се поврзани повеќе стотици години наназад.

Според ова истражување, голем дел од мажите во западна Европа потекнуваат од еден човек кој живеел пред 4 илјади години.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура