X
 20.04.2019 Технологија

Немате веќе простор на „Џимејл“? Еве како да го исчистите набрзина

Сервисот на „Гугл“ за електронска пошта нуди многу простор за складирање, но и тоа има граница. Ако сте ѝ се приближиле и не сакате да плаќате за проширување, еве еден трик за брзо бришење на вишокот пораки.

Отворете го вашиот „Џимејл“ и одете до дното на страницата. Во левиот ќош би требало да ви покажува колку простор за складирање ви останал. Ако ви останал уште малку простор, добро би било да направите една чистка затоа што сигурно имате куп пораки кои сигурно никогаш нема да ви притребаат, па малку е бесмислено да плаќате за дополнителен простор.

Најбрзиот начин за изведување на таа постапка е поставувањето одредени параметри во пребарувачот на „Џимејл“ и потоа бришење на голем број пораки одеднаш.

За среќа, од „Гугл“ веќе имаат сработено дел од работата за вас бидејќи ги имаат сортирано пораките што ги добивате. Првата категорија за отстрел би требало да биде Promotions бидејќи во неа најверојатно се наоѓаат најголемиот број пораки од кои можете веднаш да се ослободите без многу размислување.

Имено, тоа би требало да бидат пораки од трговци, ресторани и сл. Сепак, внимавајте да не залутала и некоја важна порака која би сакале да ја зачувате.


За да го намалите ризикот од бришење на нешто потенцијално корисно, додајте го и временското ограничување. На пример, ако сакате да ја прелистате поштата во категоријата Promotions која е постара од две години, во пребарувачот треба да напишете: category:promotions older_than:2y.

Кога ќе ви излезе листата, одете на Select All.

Потоа означете ја опцијата Select all conversations that match this search и кликнете на кантичката.

Сè уште не сте завршиле. „Гугл“ ги чува вашите избришани пораки уште 30 дена по бришењето. Затоа треба да одите во Trash и да кликнете на Empty Trash now.

Бришењето би можело да потрае малку подолго ако сте имале многу пораки.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија