X
 25.11.2019 Технологија

Вештачката интелигенција повеќе нема да се тренира со лица на бездомници

Од „Гугл“ соопштија дека ѝ ставаат крај на контроверзната програма со која се таргетираа бездомни црнци и се скенираа нивните лица за да се создадат податоци за тренирање на вештачка интелигенција во замена за мизерни картички како подарок со вредност од 5 долари.

По внатрешна истрага предизвикана од известувањата на медиумите за оваа практика, од „Гугл“ истакнаа дека веќе нема да праќаат третострани изведувачи да собираат скенови од лица. Наместо тоа, тие ќе собираат лица само во кампусите на „Гугл“. Но, невообичаено, портпарол на технолошкиот гигант сѐ уште ја брани сега веќе откажаната програма.

Оригиналната цел беше да се соберат скенови од лица со темна боја на кожата за компанијата да може да создаде алгоритми за препознавање лица со поразновиден сет на податоци за тренирање - долготраен проблем во вештачката интелигенција кој доведе до распространета алгоритамска пристрасност против црнците и другите расни малцинства. Затоа портпарол на „Гугл“ смета дека програмата е важна и неопходна.

Изведувачите што соработувале со гигантот истакнале дека биле под притисок да соберат што е можно повеќе лица и некои наводно оделе во кампуси на колеџи облечени во обична облека скенирајќи им ги лицата на студентите и кажувајќи им многу малку детали за што би се користеле податоците.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија