X
 20.05.2020 Живот

Продадете ја „Мона Лиза“ за да ја пребродите корона-кризата

Основачот на компанијата „Фаберновел“, Стефан Дистанган, предлага Франција да ја продаде сликата „Мона Лиза“ за 50 милијарди евра.

- На тој начин би ги вратила парите кои ги изгуби поради пандемијата на коронавирусот - рече тој во едно од своите интервјуа.


Дистанган објасни дека губитоците многу ќе се почувствуваат и смета дека државата би требало да го распродаде вредниот имот по највисока можна цена.

- Продајте го „фамилијарниот имот“. Таа слика е лесно да се помести, лесно е да се предаде понатаму. Имаме многу слики. Цената мора да биде луда кога нешто такво би функционирало, а проценувам дека „Мона Лиза“ би можела да се продаде за 50 милијарди евра. Кажано ми е дека мојата проценка е преценета - истакна Дистанган.


Иако бизнисменот имаше уште некои предлози за продажба на популарната „Мона Лиза“, сѐ уште не се забележани реакции на надлежните на неговите изјави.

Извор и насловна фотографија: BizLife

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот