Турските наставници повеќе нема да им даваат домашни задачи на учениците, а материјалот ќе се учи на час, изјави турскиот министер за образование Исмет Јилмаз, истакнувајќи дека за старите практики нема место во новиот начин на учење.
- Отсега ниеден наставник нема да им дава домашна работа на учениците. Сакаме нашите ученици повеќе да се фокусираат на наставата и материјалот да го научат на часот - рече министерот.
Фото: Pixabay
Тој додаде дека учењето напамет веќе нема да се применува во турските училишта.
- Старите методи на учење нема да се повторуваат. Сакаме учениците да можат да го применат во животот она што го учат на час. Во следниот период ќе им обезбедиме на нашите деца образовен систем кој одговара на нашето време и живот. Од следната година нема да им се даваат никакви домашни задачи на учениците - рече Јилмаз.
Извор: МИА