X
 20.07.2022 Живот

Турските таксисти се задолжени да бараат документи за идентификација од патниците

Турските таксисти се обврзани да бараат од патниците документи за идентификација, за на тој начин да се заштитат од можна кривична одговорност за трговија со мигранти.

Како што пишува весникот „Милиет“, мерката донесена од турското Министерство за внатрешни работи се спроведува во сите 81 окрузи на Турција.

Новата регулатива е во сила за случаи кога странец бара превоз од една област до друга.

Доколку странскиот државјанин има статус на меѓународна заштита во Турција, треба да покаже лична карта што го потврдува тоа, како и документ што претставува патна дозвола. Ако странецот е турист, мора да се легитимира со пасош за да биде превезен.

Доколку возачот на такси биде затекнат како превезува патници спротивно регулативата, ќе биде казнет и обвинет за трговија со мигранти.

Извор: МИА
Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот