На последниот ден од завршувањето на прво одделение, сите првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ имаа исклучителна можност да присуствуваат на куклената претстава „Волкот и трите прасиња“.
Таа беше изведена од студентите од втора година на насоката Воспитувач на Педагошкиот факултет во Битола под менторство на проф. д-р Билјана Граматковски. Мартина, Марија, Марина, Ангела и Елена со помош на сценографијата и куклите изработени од студенти, професионалниот пристап како и преку извонредниот избор на музика создадоа атмосфера вредна за паметење.
Притоа, изразена е посебна благодарност за несебичната поддршка на проф. д-р Билјана Цветкова-Димов за подарените реквизити, посебно за подарениот параван и кукли кои остануваат во трајна сопственост на ОУ „Гоце Делчев“ во Битола.
За успешната конекција меѓу студентите, Педагошкиот факултет и првоодделенците како посебно и несекојдневно доживување доволно говорат фотографиите.