Во главниот град на Грција се сретнаа дипломати кои ги претставуваат античките цивилизации во рамките на новиот меѓународен клуб кој брои десет членови.
„Форумот на античките цивилизации“ ја одржа својата основачка седница во понеделникот, а присуствуваа министрите за надворешни работи и високи дипломати од Кина, Индија, Италија, Иран, Ирак, Египет, Грција, Мексико, Боливија и Перу, јавува „Associated press“.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас пред присутните истакна дека нивните култури споделуваат наследство на „позитивна моќ, сила, знаење, образование и напредок“.
Тој изрази надеж дека овие 10 земји ќе имаат заемна корист од соработката во сите подрачја, од економија до култура.
Овој најнов
клуб дефинира историја, а не географија или политичко влијание. Секоја членка во одреден, главно дамнешен период во последните 4.000 години, била главна светска сила.