X
 20.06.2021 Култура

Настанот што му ја уништил кариерата на Оскар Вајлд и завршил зад решетки

Историјата не памети дека некој пред или по Оскар Вајлд доживеал толкава пропаст на кариерата поради љубовта, која го чинела и слободата. Тој бил хомосексуалец и поради тоа завршил зад решетки. Целата слава, талентот и успехот не биле доволни за помилување на писателот.

Кон крајот на 19 век, Вајлд паднал во очите на јавноста и добил затворска казна поради „противприроден блуд“, и тоа во Велика Британија, земјата која денес е најголем поборник за правата на хомосексуалците. Но во тој период тоа било злосторство за кое се доделувале строги казни.

Денес неговата љубов се смета за една од најголемите забранети романси во викторијанското време. Големата љубов на писателот бил младиот лорд Алфред Даглас, познат како Боузи. Нив ги поврзал романот „Сликата на Доријан Греј“, со која бил опседнат Боузи, па така започнало нивното пријателство.


Фото: Wikipedia

Иако тогаш бил во четириесеттите години, Вајлд не можел да престане да мисли на лордот, кој тогаш имал сопруга и две деца. За нивното пријателство јавно се зборувало, а сите се сомневале дека тука има нешто повеќе и биле во право. Боузи бил двојно помлад од Вајлд, но сепак му станал најголема љубов.

- Единствен начин да се ослободите од некое искушение е да му подлегнете - зборувал Вајлд.

Младиот Боузи го вовлекол Вајлд во круг во кој се организирале оргии, а поради ваков настан, Вајлд бил уапсен и затворен во 1895 година.


Фото: Wikipedia

Вајлд поминал во затвор две години, што психички го уништило и ја убило секоја надеж дека може да му се врати на животот од претходно. Откако излегол на слобода, се преселил во Франција, каде што починал по три години, во голема сиромаштија. 

Автор: Лидија Иванов
Извор: Noizz
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура