X
 08.03.2022 Култура

Омилените книги на Харуки Мураками

Харуки Мураками е еден од најпознатите модерни писатели. Тој е роден во Јапонија во 1949 година, а освен пишувањето, ги сака и трчањето и музиката. Кога станува збор за неговите литературни инспирации, на својата веб-страница има наведено 5 омилени книги кои имале најголемо влијание врз него.

Френсис Скот Фицџералд - „Големиот Гетсби“ (англ. The great Gatsby)

Според Мураками, доколку мора да одбере една книга која му значи најмногу, тоа би била оваа.

- Да не беше овој роман, не би пишувал така како што пишувам денес, а можеби не би пишувал воопшто, иако тоа не е сосема сигурно - напишал Мураками.

Рејмонд Чендлер - „Долго збогување“ (англ. The long goodbye)

Мураками ги превел сите романи на Рејмон Чендлер и вели дека го обожава неговиот стил. Кога станува збор за оваа книга, Мураками вели дека ја прочитал пет или шест пати.

Франц Кафка - „Замок“ (англ. The castle)

Мураками првпат се запознал со работата на Кафка кога имал 15 години, и тоа преку оваа книга.

- Тоа е една голема, одлична книга. Просто ме шокира. Светот кој Кафка го опишува во оваа книга ми беше толку реален и нереален истовремено што ми се чинеше дека срцето и душата ми се скинати на два дела - напишал Мураками.

Фјодор Достоевски - „Браќа Карамазови“

Поголемиот дел од писателите имаат послаби дела како што стареат, но тоа не е случајот со Достоевски. Неговите дела станувале подобри со времето, а оваа книга ја напишал кон крајот на своите 50-ти години, напишал Мураками.

Џ. Д. Селинџер - „Игра во 'ржта“ (англ. The catcher in the rye)

Ова е мрачна и вознемирувачка приказна, но Мураками уживал во неа кога имал 17 години, па дури и ја превел. - Се сеќавам дека беше смешна, но мрачна и впечатлива. Мора да не сум бил најсреќен кога сум бил млад - напишал Мураками.

Освен тоа, Мураками на својата веб-страница како главни литературни примери ги наведува Рејмонд Чендлер, Курт Вонегат и Ричард Бротиган.

Извор: Nezavisne
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура