X
 08.01.2022 Култура

Достоевски: Моќта им е дадена само на оние што се осмелуваат да се наведнат и да ја соберат

Фјодор Достоевски е роден на 11 ноември 1821 година. Тој е еден од најголемите писатели на сите времиња и еден од првите претставници на психолошкиот реализам. Од неговите комплексни ликови учиме за љубовта и страдањето, човечките слабости и вредности, а ни ги оставил и своите совети за успех. Во продолжение се некои од неговите најдобри цитати.

- Моќта им е дадена само на оние што се осмелуваат да се наведнат и да ја соберат. Само една работа е важна, само една - да бидете подготвени да се осмелите.

- Ако си успешен во нешто, или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат, или ќе те мразат.

- Никој не се вратил да живее во минатото. Затоа не мислете на минатото, гледајте само во иднината.

- Ако сте упатени кон целта и притоа сте започнале да застанувате за да му фрлате камења на секое куче што лае на вас, никогаш нема да стигнете до целта.

- Сите идеали на светот не се вредни за солзите на едно дете. Никогаш не преземајте ништо додека ве држи бесот.

- Човекот е склон да ги набројува своите неволји, но никогаш не ги набројува своите радости. Кога би ги набројувал онака како што тие го заслужуваат тоа, би се видело дека секој има доволно среќа во животот.

- Преземањето нов чекор или изговарањето нови зборови е понекогаш она што најмногу ги плаши луѓето.

- Ако сакаш да бидеш почитуван, најпрво мора да се почитуваш себеси, само така може да направиш другите да те почитуваат.

- Не постои толку стара тема на која никогаш не може да се каже нешто ново.

- Заведи ми го умот и го имаш моето тело, пронајди ми ја душата и ќе ме имаш засекогаш.

Извор: DDL
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура