Ќерка ми има осум години, мирна е, повлечена и некомуникативна со луѓе што не ги познава. Проблемот е што секојдневно плаче на училиште бидејќи си прави филм дека ќе нема кој да ја земе, иако досега не се случило тоа. Плаче хистерично, со виткање на рацете и во тој момент како да не познава никого и не е свесна што прави… Почнала да плаче на училиште, ги туркала децата и три наставнички не можеле да ја смират. Исто така, одбива да влезе сама во училиште, мора да влезе со родител. Кога ја прашуваме зошто прави така, вели дека нешто ја тера. Да напоменам дека нема проблем ниту со наставници ниту со некое дете. Ве молам за совет.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк