X
 20.07.2018 Живот

17 знаци дека сте интелигентни, иако не изгледа така

Се случува луѓе со помал коефициент на интелигенција да сметаат дека се многу паметни, додека оние што се исклучително интелигентни да се потценуваат себеси во тој поглед.

Шекспир еднаш истакнал: „Будалиот мисли дека е мудар, мудриот човек знае дека е будала“. Таа конвенционална мудрост е потврдена со студијата на американскиот Универзитет „Корнел“, така што сега тој ефект е именуван како Данинг-Кругер ефект. Значи, ако не сте сигурни во својот интелект, тоа можеби е знак дека сте исклучително интелигентни.


Човек и мачка
(Фото: Pixabay)


Според „Бизнис инсајдер“, различни истражувања на американски универзитети покажале дека некои знаци за кои никогаш не би помислиле дека влијаат врз интелигенцијата всушност можат да откријат дека лицето поседува висока интелигенција. Ова се некои од нив:

1.    Сте оделе на часови по свирење на некој музички инструмент.

2.    Во семејството сте прво дете.

3.    Слаби сте.

4.    Имате мачка.

5.    Ве доеле како бебе.

6.    Рекреативно сте користеле дрога.

7.    Левучари сте.

8.    Високи сте.

9.    Редовно консумирате алкохол.

10.    Рано сте научиле да читате.

11.    Многу се грижите.

12.    Забавни сте.

13.    Љубопитни сте.

14.    Неуредни сте.

15.    Не сте имале сексуални односи до завршувањето на средното училиште.

16.    „Ноќна птица“ сте.

17.    Свесни сте дека не морате секогаш да давате сè од себе.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот