X
 14.11.2021 Наука

И покрај ветувањата на државите, светот ќе се загрее за 2,4 степени до 2100 година

Светот нема да успее да го задржи глобалното затоплување до 1,5 Целзиусов степен и покрај ветувањата на сите држави дека ќе го намалат загадувањето. Нова анализа покажува дека глобалните температури ќе се зголемат за 2,4 степени над прединдустриското ниво.

Самитот што во моментов се одржува во Глазгов имаше цел да донесе јасни планови за намалување на загадувањето од државите, но се чини дека ветените напори нема да бидат доволни. Експертите проценуваат дека светот ќе се соочи со високи температури и висока влажност на воздухот што ќе влијаат врз една милијарда жители доколку глобалната просечна температура се зголеми за 2 Целзиусови степени над прединдустриското ниво.


Фото: Pixabay

Извештај од независната група на организации „Клајмет екшн трекр“ покажува дека со ветувањата дадени од владите пред и по самитот во Глазгов, емисиите на штетни гасови што ја затоплуваат планетата ќе бидат двојно повисоки до 2030 година од поставените цели.

Ограничувањето на затоплувањето на 1,5 степен ќе го спречи најлошото сценарио, па затоа оваа граница беше поставена на Самитот во Париз во 2015 г. Сепак, според сегашните планови на државите, глобалната температура ќе се зголеми за 2,4 Целзиусови степени до 2100 година, според „Клајмет екшн трекр“.


Фото: Pixabay

Процената е подобрена во однос на 2015 година, кога групата предвидела загревање за 3,6 степени до 2100 година.

На самитот во Глазгов над 100 лидери ветиле дека ќе го спречат сечењето на шумите до 2030 година, а над 40 земји ветиле дека ќе престанат да произведуваат енергија од јаглен, меѓу другото.

Извор: BBC
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука