X
 20.11.2017 Живот

Грчкиот остров што го има клучот за долг животен век

Една третина од населението на Икарија живеат над 90 години - тие го поминуваат секој ден правејќи го она што го сакаат.

Иоана Проју е една од 300. жители на грчкиот остров Икарија и ја живее својата 105. година.

„Направи нешто во твојот живот што ќе ја разбуди твојата страст. Кога мојот сопруг почина пред неколку децении, продолжив да го правам тоа што го сакам. Подоцна се појави уште еден предлог за брак, но јас реков не. Омажена сум за мојот разбој“, вели таа. 

Недалеку од каде што Проју ги продава нејзините рачно ткаени чанти, главниот плоштад „Христос Рачес“ е мирен. Локалните жители пијат кафе. Сопствениците на бизниси ги отвораат и ги затвораат нивните врати без некој распоред. Голем број од продавниците работат на системот на чесност: корисниците го земаат она што го сакаат и оставаат пари на касата иако нема никој.

Ова е честа сцена на грчките острови, но Икарија е поинаков остров: тука една третина од населението живее повеќе од 90 години. Заедно со Сардинија во Италија, Никоја во Костарика, Окинава во Јапонија и Лома Линда во Калифорнија, Икарија е „сина зона“, едно од петте места каде што луѓето живеат најдолго.

Експертите често наведуваат дека здравата исхрана и активниот животен стил се клуч за подолг животен век. Медицинските професионалци и антрополози поврзани со проектот „Сина зона“ исто така ја истакнуваат важноста на блиските семејни врски и вклучување во верските заедници. Икаријците вложуваат напори да останат блиски со своите семејства и соседи, а постарите играат значајна улога во заедницата. Бабите и дедовците често помагаат во воспитувањето и одгледувањето на внуците или при започнување на бизнисите. Но Проју ја должи својата долговечност на страста за ткаење и нејзиниот поглед кон животот. „Немојте да посакувате повеќе од она што ви е потребно. Ако им завидувате на другите, тоа ќе ви предизвика стрес“, вели таа.

Пензионираниот лекар Христодолус Ксенакис има друга теорија за тоа како икаријанците ја избегнуваат непотребната вознемиреност. „Тука никој не закажува состаноци“, вели 81-годишниот доктор, кој се смета за млад човек според стандардите на Икарија. Времето е доста важен дел од животот на жителите на Икарија, но не на начинот на кој повеќето луѓе мислат. „Тоа е повеќе како: се гледаме наутро, попладне или вечер“, вели тој.

Причината поради ова е тоа што икаријанците ги минуваат деновите со некаква цел. Тој возбудено зборуваше за неговиот последен проект во кој се организира регата, трка за бродови за што минималната квалификациска возраст за капетаните е 70 години.

„Всушност, не станува збор за трка. Регатата покажува дека и понатаму сме способни да бидеме дел од неа“, вели Ксанакис.

„Секогаш постои нешто што можете да го направите со вашето време“, додава тој. „Но кога ги правите работите што ве прават среќни или што ги прават другите среќни, како не би се чувствувале здраво и подобро?“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот