X
 28.04.2023 Живот

Нова авиолинија - двапати неделно лет меѓу Скопје и Сплит

Се воведуваат сезонски летови на нова авиолинија Скопје-Сплит, со која хрватскиот национален авиопревозник „Кроација ерлајнс“ директно ќе го поврзува македонскиот главен град со хрватското крајбрежје во текот на годинашната туристичка сезона, соопштија од скопскиот аеродром.

Првиот лет на новата авиолинија ќе биде на 12 мај, а истата ќе сообраќа до средината на октомври. Двапати неделно ќе имаме летови меѓу Скопје и Сплит, туристичкиот центар на Далмација.

Авионот ќе полетува од Меѓународниот аеродром Скопје секоја среда и сабота во 5:45 часот наутро, а ќе пристигнува на аеродромот во Сплит во 7:10 часот. Летовите од сплитскиот аеродром до Меѓународниот аеродром Скопје ќе сообраќаат секој вторник (заминување во 22:00 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:05 часот) и секој петок (заминување од Сплит во 21:35 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:00 часот).

Летовите на линијата Скопје – Сплит ќе сообраќаат со авион „ербас 319“ со капацитет од 144 седишта.

Повратните авиобилети за линијата Скопје – Сплит може да се купат по цени почнувајќи од 119 евра.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот