X
 20.08.2019 Образование

Поблиску до УКЛО: Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола

Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола (ФИКТ) учебната 2019/2020 ја почнува со низа револуционерни новини. Наставата ќе се одвива во нова современа зграда, една од најмодерните во државата. Новата зграда доаѓа и со нова опрема. Обезбедена е нова современа компјутерска лабораторија. Но не се само техничките услови новина.
Факултетот од оваа школска година почнува со нови наставни планови и на четиригодишните студии по информатички науки и комуникациско инженерство и на тригодишните студии по информатика и компјутерска техника. Новите наставни програми се модерни, концизни и дизајнирани согласно потребите на локалната ИТ-индустрија, но и светските трендови на ИТ-образование. Тие се наставни програми од т.н. хоризонтален тип, кои не ги специјализираат студентите во тесно подрачје, тука даваат солидни основи во различни сегменти на информатичките технологии - програмирање, дизајнирање, информациски системи, интернет-технологии, интернет на нештата, вештачка интелигенција, компјутерски мрежи, безбедност на ИТ-системи, компјутерски хардвер итн. Со тоа овозможуваат широк спектар на знаења и можности за вработување и доусовршување.

фикт

Во текот на студирањето студентите можат доброволно да се вклучат во менторската програма на факултетот, во која работат на реални проекти менторирани од ИТ-фирмите во регионот и професорите на ФИКТ. Најголемиот број студенти што успешно ќе ја завршат менторската програма остануваат и да работат во фирмите кои ги менторирале. Од оваа година со средства на Европската Унија на ФИКТ започнува да се гради ИТ Хаб/Акцелератор, кој ќе овозможи поголема интеракција на студентите со ИТ-индустријата во текот на студирањето, но и поттикнување на студентите да реализираат свои иновативни идеи и започнуваат свои бизниси. Овој концепт ќе биде новина не само на државно, туку и на регионално ниво.

Нашите студенти немаат проблем со вработувањето, платите во ИТ-секторот се убедливо највисоки, вратите се отворени и во цел свет (нашите студии се меѓународно признати), а Битола дефинитивно стана втор најзначаен ИТ-центар во Македонија -дефинитивно поради дведецениската традиција на квалитетно високо ИТ-образование.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование