X
 20.08.2021 Живот

МЗ: 85% од новoзаразените и 91% од хоспитализираните со ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува двонеделната анализа на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид-19.
За вакцинирани се сметаат лицата што се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период од 6.08 до 19.08.2021 на територија на државата 9.881 граѓанин се позитивни од тестирани за ковид-19, од нив само 15% биле целосно вакцинирани, односно 1.507 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани што се заразиле со ковид-19. Според двонеделната статистика, 8.374 граѓани од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани, пишува во соопштението од Министерството за здравство.

Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 91%, додека само 9% од сите 724 моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од две седмици на територија на државата починале 101 лице со ковид-19, 92 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 9, односно 8 % примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе хронични заболувања.
Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцините „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинацијата, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот