Доктор Гасан Камел од Универзитетската болница во Сент Луис покажа ренгденски снимки на белите дробови на вакцинираните и невакцинираните пациенти кои се заразиле со САРС-КоВ-2.
Лекарот, кој раководи со одделот за интензивна нега, вели дека сака да го насочи вниманието на важноста на вакцинацијата, која спречува тешки форми на болеста.
-
Белите дробови треба да бидат полни со воздух, а воздухот на рендгенските снимки изгледа црно. Ако погледнете, ќе видите дека снимката на невакцинираниот пациент е матна, повеќе бела отколку црна. Тоа значи дека пациентот мора да е на кислород, а можеби и повеќе од тоа, можеби мора да е на вештачка вентилација, респиратор и други системи за одржување на виталните функции на вештачки начин - вели тој.
Белите дробови на ковид-позитивен пациент кој не бил вакциниран
Фото: Saint Louis University hospital
Белите дробови на ковид-позитивен пациент кој бил вакциниран
Фото: Saint Louis University hospital
- Пациентите кои се вакцинирани можеби нема да ја видат ни внатрешноста на собите во болница. Не им е потребна интензивна нега и не им е потребен респиратор - додава тој.
Експертите низ светот истакнуваат дека вакцината против коронавирусот штити од посериозна клиничка слика во случај на инфекција со ковид-19, но тие исто така предупредуваат дека вакцината не спречува зараза и пренесување на вирусот на некој друг.
Извор:
News.yahoo.com
Фото: Freepik