X
 20.08.2021 Живот

Најмладата авијатичарка тргна на пат околу светот

Зара Рутерфорд има 19 години. Таа е пилот и неодамна тргна на тримесечно патување околу светот, со што стана најмлада жена што самостојно лета.

Зара полетала од Белгија со својот авион „Ајкула“, кој е модел на најбрзиот ултралесен авион во светот. Британско-белгиската авијатичарка се надева дека нејзиното патување ќе охрабри повеќе девојки и жени да студираат и да работат во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката.

- Отсекогаш сум ги сакала воздухопловството и СТЕМ-областите, но не гледав многу други жени и девојки да се занимаваат со ова. Мислам дека тоа е прилично тажно и обесхрабувачко - изјавила Зара.



Досега најмладата жена што сама летала околу светот е Шеста Вајс, која го направила подвигот на 30-годишна возраст. Најмладиот машки пилот, Мејсон Ендру, имал 18 години кога тргнал на пат околу светот.

Зара планира да го прелета светот за околу 3 месеци, притоа застанувајќи во 52 земји, каде што ќе живее со локални семејства или во хотели. Зара има желба следната година да оди на универзитет за да стане астронаут.

- Сакам авантури - изјавила таа.

Извор: Novosti
Фото: Instagram (Screenshot)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот