Фото: Unsplash
Ниту една личност не загинала при пад на комерцијален авионски лет во 2017 година - информација со која 2017 година официјално беше најбезбедна година за летање. Новите извештаи од две одделни организации во Холандија сумираат колку е безбедно да се лета со комерцијален лет, а експертите за воздухопловство велат дека неодамнешните резултати се едноставно дел од тренд што се случува со години.
Иако летањето со комерцијален патнички авион на глобално ниво беше безбедно, индустријата сепак имаше минимални загуби, односно имало десет несреќи во кои биле вклучени комерцијални патнички или товарни авиони, при што загинале 44 лица, во 2017 година. Компанијата се фокусира на несреќи во кои биле вклучени комерцијални авиони, карго или патници што превезуваат повеќе од 14 лица, и не ги вклучи 35. загубени животи при несреќата на товарен авион во Киргистан.
Тоа се рекордни плус 400 дена од последната комерцијална патничка авионска несреќа во светот.
Еве зошто!
Главната деценија за безбедност на авионите беше последната од 20 век, вели Марија Шиаво, адвокат и поранешен генерален инспектор за министерството за транспорт на Америка. „Можете да видите драматични промени ако го анализирате напредокот на безбедноста во воздухопловството“, вели таа, додавајќи дека помага и управувањето со ресурсите на екипажот - термин што се однесува на тоа како пилотите комуницираат едни со други. Како што вели таа, тие постојано треба да се предизвикуваат едни со други.
Исто како Шиаво, и Рантер од Мрежата за воздухопловна безбедност вели дека исклучително безбедната измината година е дел од напредокот што се случува веќе две децении - а тука се вклучени повеќе фактори. „Не станува збор само за еден изум. Во принцип, индустријата со текот на времето учи од инцидентите што ги истражувала“, вели тој, нагласувајќи ги сигурноста на моторот и поголемата автоматизација.
Фото: Aviation Safety Network
Тука се придобивките и од анонимното известување во кое пилотите и контролорите на летање може доверливо да пријавуваат инциденти, дури и мали.
И Адријан Јанг од „То70“ има слично размислување како Рантер и Шиаво и вели дека безбедноста во летањето не е неодамнешен феномен. „Тоа е резултат на децении работа што го прави воздухопловството доста безбедно“, вели тој.
Летањето сè уште е инхерентно ризичен бизнис, вели Јанг. Тој е загрижен за зголемувањето на бројот на литиум-јонски батерии што сега ги имаат паметните телефони и лаптопите, а се наоѓаат во куферите на патниците. „Тоа е нешто што го привлекува вниманието на целата индустрија“, вели тој.
За сите оние што сакаат да знаат со кои авиокомпании не треба да летаат, Европската Унија создаде таканаречена црна листа на превозници на кои не им е дозволено да работат во ЕУ. Еден од превозниците на оваа листа, од Индонезија, е авиокомпанија чиј авион се урна во 2017 година при што загинало едно лице.
„Тоа е листа со
авиокомпании што не треба да ги користите за авионски услуги“, вели Шиаво.