Додека некои сега се подготвуваат за летен одмор, други се враќаат во секојдневието по поминати денови на плажа. Враќањето од одмор може да биде стресно за организмот, покажуваат психолошки истражувања.
Искуството може да биде потешко доколку се земе предвид доаѓањето на есента, падот на температурите, инфлацијата, енергетската криза, како и фактот дека има уште многу време до следниот одмор. Психолозите нудат неколку трикови да го одбегнете лошото расположение по летниот одмор.
Одложете ги важните проекти
Првиот викенд по враќањето поминете го во што поинтересни активности за да ја ублажите транзицијата од летувањето на секојдневните обврски. Ако можете, постепено вратете се во работната рутина, а големите проекти одложете ги.
Внимавајте на исхраната
Не се советува инстантно започнување на диета, но водете сметка за исхраната. Одберете намирници богати со витамим Ц и одбегнувајте слатки и грицки бидејќи тие прават да се чувствувате уморни.
Планирајте го следното патување
Дозволете си нешто во што ќе уживате, без разлика дали тоа ќе биде одење на кино или шопинг. Помага и дружењето со блиските, но и планирањето на следното патување.
Извор:
Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay