X
 26.08.2016 Технологија

Октобот е првиот робот со меко тело

Во светот  на роботиката до неодамна било речиси невозможно да се креира машина без тврди елементи што би значело дека таквиот робот ќе може да се протне низ потесни простори.

робот октопод


Така, октоподите што се наоѓаат во природата се користени како план/скица поради способноста да го виткаат телото во зависност од околината. Тим на научници од Харвард го создал  „октобот“, или првиот мекотел робот на светот.

Досегашните обиди за меки роботи сепак содржеле некои тврди компоненти: контејнери за гориво, кабли и други избори на енергија. Овој проблем овојпат се надминал со 3Д печатење на силиконското тело на октоботот заедно со поставени резервоари за гориво и комори за каталитички реакции кои складираат мастила базирани на хидроген во пипалата. Мастилата содржат честички од платина, која реагира со хидроген пероксидот со цел да се ослободи кислород и водена пареа. Ова предизвикува флексибилност на пипалата на октоботот со серија на вентили и прекинувачи кои го контролираат движењето на гасовите, а со што се обезбедува ширење и собирање на пипалата и октоботот се движи напред. Научниците сé уште работат на начинот на управување на роботот и контрола на насоката на движење.

Овој модел е висок само 2 сантиметри и е приближно со големина на човечка дланка и може да трча од 4 до 8 минути пред да го истроши складираниот хидроген пероксид. Усовршувањето на оваа технологија има голем број на практични примени што би значело и формирање на многу агилна роботика во корист на идни случаи или воени надзори.


Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија