X
 20.09.2018 Култура

Кога маж прегрнува жена

Повеќето луѓе сакаат прегратки. Тие нè исполнуваат со радост. Гушкањето всушност е едно од четирите нешта што луѓето можат да ги прават за да бидат посреќни. Сепак, ништо не е поважно од едноставна прегратка од саканите.

Само едноставна прегратка е сè што ви треба за да му помогнете на срцето да се смири и да ви се стабилизира крвниот притисок. Авторот Дејвид Тумаринсон дава краток опис на она што се случува кога маж ќе прегрне жена.

Читајте и уживајте.

„Кога маж тивко доаѓа одзади и прегрнува жена, тој затвора круг. Негов и нејзин круг. Ова е круг на нежност, топлина и заштита. Тој ја става жената токму во центарот на овој страстен круг. Со тоа тој безусловно покажува дека во овој момент таа е центарот на неговиот универзум. Маж држи жена молчејќи. И жената не зборува. Таа ги чувствува топлите струи што доаѓаат од овие топли и мирни раце.

Кога маж прегрнува жена, таа чувствува како да има крилја и може да лета. Овој круг на љубов е смирен и удобен. Оваа тивка нежност прави таа да се топи како коцка шеќер во шолја чај. Која е таа сега, стоејќи во центарот на неговиот тлеечки круг?

Што чувствува таа? Која е таа во овој момент?

Дали е жена или девојка. Дали се чувствува сакана или таа сака? Дали тенка прекривка од тишина ги покрива рамената на жената и ги крие нејзините мисли од мажот или можеби ништо не е скриено во овој приватен круг? Сепак, тој само ја држи, ја штити од надворешниот свет, кој е толку ладен и осамен. Но, во неговите раце е топло и удобно. Овие раце се нејзината заштита и мир. Тоа е сè што една жена, без да знае, бара, чека и на што се надева“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура