Поранешниот воен ветеран Есперанс Фуерзина ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како жена со најмногу тетоважи во светот, жива личност со најмногу тетоважи и жена со најмногу модификации на телото.
Ѝ биле потребни 10 години за да покрие 99,98 отсто од своето тело со тетоважи.
Тетоважите ја покриваат кожата на нејзиниот череп, очните капаци и очните јаболка, непцата, јазикот и стапалата.
Фуерзина ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2025 година, која ќе биде објавена во септември.
Извор:
BBC
Фото: Screenshot/BBC