Според најновите истражувања, целата астрологија и се` она во кое веруваме е основано на лага.
Поради движењето на ѕвездите, од моментот кога се развиле првите 12 знаци, дури 86% луѓето денес веруваат во погрешен знак. Гравитационото поместување на Месечината и Сонцето има такво влијание врз Земјата што повеќето луѓе го промашиле хороскопскиот знак за еден месец наназад.
„Да кажеме дека сте родени кон крајот на јануари. Дали тоа би значело дека сте Водолија во хороскоп? Сепак, кога подобро би ја погледнале положбата на Сонцето во вашата натална карта, би сфатиле дека всушност сте Јарец“, велат научниците.
Според новиот распоред на Зодијакот, Биковите се родени во период од 15 мај до 21 јуни, а не од 21 април до 21 мај.
Исто така, според новиот распоред постои и 13 знак за оние кои се родени меѓу 30 ноември и 18 декември. Не е познато дали тој воопшто бил во астрологијата изминатите 2.000 години.
Професорот Џон Латанци потврдува дека астролошките знаци одамна не се во согласност со астролошките измени во универзумот. Сепак, поважно прашање е дали позицијата на ѕвездите во времето на нечие раѓање има некакво влијание врз личноста.
„За да го проверите тоа потребно е истражување што го потврдува овој факт, а всушност досега не сме имале нитуедно такво истражување. Без оглед на тоа како ѕвездите се наместиле - нема објаснување“, додава тој и вели дека луѓето веруваат во Зодијакот затоа што сами сакаат.