Истражувачи во Медицинскиот колеџ „Бејлор“, Институтот „Ален“ и Универзитетот „Принстон“ го создадоа најголемиот 3Д дијаграм на мозок на глушец - кој е многу сличен на нашиот - со надеж дека ќе ги научат принципите на работа што би помогнале во развивањето на вештачката интелигенција.
Мапата која може да ја видите на сликата ги отсликува сложените структури и конекции на околу 200.000 мозочни клетки и речиси 500 милиони синапси - сите сокриени во кубен милиметар од мозок на глушец, што е големина колку на едно зрнце песок.
Дополнително, податоците се уникатни затоа што вклучуваат снимки од шемите на активност изнудени од повеќе сложени визуелни стимули, од видеа на „Јутјуб“ со холивудски филмови, за околу 75.000 мозочни клетки во истиот волумен на мозок кој бил искоистен за да се генерира мапата за поврзаност.
За да се создаде мапата биле потребни пет години. Истражувачите се фокусирале на визуелниот неокортекс, област од мозокот која е клучна за визуелна перцепција. Истражувачите собрале мерења од типичната мозочна активност на глушецот додека бил жив во првата фаза, создавајќи повеќе од 70 илјади слики од активни мозочни клетки.
Потоа научниците исекле мал дел од мозокот и го исекле на повеќе од 25.000 ултратенки делчиња и направиле повеќе од 150 милиони слики со висока резолуција од тие делчиња користејќи електронска микроскопија.
Истражувањето е дел од програма чија цел е подобрување на алгоритмите за машинско учење и вештачката интелигенција.
-Нашите нови извонредно детални податоци за мозокот на глувците ни даваат шанса да утврдиме што го прави биолошкиот мозок попаметен и тоа може да ни помогне во развивањето попаметни компјутери - истакна Ксак Питков, доцент по неворонаука и еден од водечките научници во програмата.
Извор и фотографии:
Interesting Engineering