На Балканот се гради мало хобитско село. Сите обожаватели на „Господарот на прстените“ ја знаат куќата на хобитот Билбо Багинс.
Малата куќа претставува инспирација за многумина што изградија слични места низ светот. Наскоро, таква куќа ќе може да посетиме на Балканот.
Марија Милиќевиќ со своето семејство гради цело „село“ со вакви куќи во Босна и Херцеговина. Новото место Хобитон ќе има куќи со капацитет за најмногу 4 лица, а целото место ќе има 5 куќи.
Инаку, оригиналното село Хобитон во кое е снимен „Господар на прстените“ се наоѓа на Нов Зеланд.
Извор:
Nova
Насловна фотографија: Pixabay