X
 08.03.2019 Живот

Го исфрлиле од училиште поради аутизам, па омилениот бенд му подарил тапани

Популарниот босански бенд „Дубиоза колектив“ деновиве беше во градот Рудо во Република Српска за да му даде поддршка на ученикот Славко Мршевиќ, кој бил исфрлен од училиште поради аутизам.

Членовите на бендот претходно му ветиле на Славко дека ќе му испратат тапани и си го одржаа зборот.

Поради аутизмот, на Славко му е скратено правото на школување во средното училиште во Рудо, а целиот случај доби судски епилог бидејќи пред судот во Вишеград се води процес против десет лица.

Неговиот татко, Ненад Мршевиќ, тврди дека Славко е исфрлен од училиште без никаква законска причина. Според него, момчето било запишано на училиште во 2015 година и во првото полугодие добивало оценки кои не му биле заклучувани.

Второто полугодие го завршил неоценет и не можел да го продолжи образованието. Пресудно е тоа што Славко има Аспаргеров синдром, поблаг облик на аутизам, а од училиштето е исфрлен без никаков документ и така нема право на жалба.

Ненад Мршевиќ упатил отворено писмо до министерот за образование и култура на Република Српска во кое побарал исполнување на ветувањето дадено во Народното собрание на РС и издавање решение за статусот и правата на неговиот син.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот